Познатата актерка овој викенд на тајната церемонија го изговорила судбоносното “ДА”. Опкружени со семејството и блиските пријатели, брачните завети ги размениле Натали Портман (31) и нејзиниот долгогодишен партнер, кореографот Бенјамин Милепид (35) со кој има 13 месечен син, Алеф.
Во медиумите се појавија фотографии од венчавката која се одржала на тајна локација во Калифорнија. Иако се шпекулира дека холивудската двојка се венчале во тајност, во брачните води запловиле нешто подоцна, но сеедно, далеку од очите на јавноста.
Церемонијата, според еврејската традиција, која се одржала во мрак. Меѓу внимателно избраните гости се нашле Иванка Трамп и Меколи Калкин, за чија борба со зависноста во поледниве денови доста се пишува.
Да ве потсетиме, новопечените сопружнизи се запознале и заљубиле за време на снимањето на филмот “Црн лебед”, а во декември 2010, ја објавиле нивната свршувачка и бременоста на Натали.