Луксузниот стан на Френк Синатра се продава за 7.7 милиони долари

popara7 август, 20121min00
sinatra

Луксузниот пентхаус на познатиот пејач Френк Синатра, кој бил љубител на дивите забави, а со задовлство го посетувале и чести гости биле и претседателот Џон Кенеди, Мерлин Монро и уметникот Енди Ворхол., во моментов се продава за 7,7 милиони долари.

Како што пренесува “New York Post”, станот кој се наоѓа на Менхетн се протега на 280 квадратни метри, брои четири спални соби и шест бањи.

Изграден е на два ката од стамбена зграда и опколен е со големи прозори кои создаваат впечеток на прозрачност.

Исто така, во склоп на станот се наоѓаат две тераси кои на повеќе од 186 квадратни метри се протегаат околу целиот пентхаус и со кој се овозможува поглед на East River во Њујорк.

-Станот е модернизиран, но сепак соодветен за личност која има див карактер како Синатра. Идеален е за сите оние кои претпочитаат добри забави,да уживаат во друштво и да приредуваат вечери и коктели, изјавил Џејсон Хабер, брокер од агенцијата задолжена за продажба на станот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag