Опра Винфри го посетила Барбадос и во оваа прилика направила интервју со Ријана.
Познатата водителка земала пауза од снимањето на филмот “The Butler”, а пејачката се вратила од патувањето по Медитеранот, па се сретнале во Барбадос.
Со оглед на тоа дека двете се редовни “твитерки” по интервјуто се сликале и Опра фотографијата ја објавила на својот профил.
Во придружба на коментар: “Ријана и јас го завршуваме интервјуто. Ова е вистинско освежување”.
Покрај тоа тие две се фотографирале и во џипот, и оваа ја објавиле на Твитер.
Раијана на својот профил напишала: “Погледнете кој наврати во мојот роден град”, а Опра на својот: “Погледнете кој ме вози низ Барбадос”….