Намалете ги килограмите со спиење!

popara8 август, 20121min00
76trfy

Обемот на струкот кај жените кои спијат пет часа во однос на оние кои спијат по осум часа на ден е поголем за шест сантиметри.

Со повеќе спиење ќе ги намалите килограмите? Во Шведска било спроведено едно истражување во кое е констатирано дека жените кои спијат помалку од осум часа на ден се склони кон дебелеење во пределот на струкот.

Жените кои учествувале во истражувањето биле испитани од болести и им биле земени сите потребни здравствени податоци, како и висина и тежина. Според резултатите жените кои помалку спијат имаат и поголеми шанси да бидат подебели во пределот на струкот.

Д-р Тиорел Хаглоу, иницијаторот на студијата изјавил дека обемот на струкот кај жените кои спијат по пет часа на ден во однос на оние кои спијат по осум часа е поголем за шест сантиметри.

Докторот навел неколку причини зошто жените кои помалку спијат се склони кон дебелеење. Првата причина е дека со помалку сон влијаеме на зголемување на кортизолот и хормонот за раст, а другата причина е дека поминуваме повеќе време во јадење.

Истражувањето на шведските доктори било објавено во магазинот „ Sleep Medicine“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag