Повеќето жени копнеат за совршено тело, а тука секако е и задникот, кој потребно е да биде заоблен и цврст. Цврстината и затегнувањето се постигнува со вежбање.
Додека вежбате не се потпирајте на мускулите на бутовите, техниката е во тоа што движењата треба да ги правите со задникот, и напорот да се префрли во мускулите на задникот. Ако сте на почеток со вежбање или немате вежбано подолго од една година, тогаш секоја вежба повторете ја 10 до 15 пати.
Вежбајте два три пати неделно или секој втор ден, а веќе за 8 недели ќе имате видливи резултати. Но ако имате и вишок килограми, вежбајте и додатни вежби и држете диета, во спротивно нема да се постигне ефект. Еве неколку вежби:
- Застанете со грб потпрени на ѕид и движете ги стапалата нанапред, се додека не бидат 50- 60 сантиметри оддалечени од ѕидот. Полека лизгајте се надолу до следната положба, додека бутовите не бидат паралелни со подот. Останете така пет до десет секунди, стегајќи ги мускулите на задникот. Вратете се во првобитна положба но користејчи ги мускулите на задникот. Повторете неколку пати.
- Легнете на грб, свиткајте ги нозете и ставете перница помеѓу колената, Стиснете ги бутовите и стегнете го задникот и подигнете ги боковите од подот. Останете во оваа положба 5 – 10 секунди и вратете се во првобитна положба.
Повторувајте ги овие вежби неколку пати по 15 минути, но покрај овие домашни вежби, пешачете на мали по угорници. Добро е и трчањето по скали. Помага и ролање и возење велосипед.