Нашол стар поглавица јајце од орел… го земал со себе и го ставил во кокошарникот каде што ги одгледувале кокошките.
Јајцето се развило и се родило мало орле.
Орлето растело заедно со пилињата и другите кокошки…живеело ама никогаш не полетало…било дел од кокошарникот цел живот…
После неколку години орелто видело голема прица на небото и со восхитување го прашало петелот: Која е оваа птица? Која е…толку голема и толку моќна?
Петелот му одговорил: Тоа е орел…владетел на небото…најмоќната птица на земјата…
Орлето секоја вечер сонувало секоја вечер за големата птица…сакало и тоа еден ден да владее со небото, но никогаш не пробало да ги рашири крилјата…
Тоа продолжило да живее со другите кокошки и никогаш не полетало… не било свесно дека големата птица била неговиот брат од истото легло…