Целиот свет беше изненаден кога пред неколку месеци се појавија фотографиите од некогашната ѕвезда од филмот “Сам дома”. Него хероинот целосно го променил, а иако некои извори велат дека се “исчистил”, неговите најнови фотографии покажуваат дека тоа и не е баш така…
Иако во саботата папараците побрзаа да го фатат Меколи Калкин на венчавката на Натали Портман, тоа не им одело од рака. Но, затоа го уловиле два дена подоцна. Иако пристојно облечен, глетката воопшто не била убава! Тој плукал по улица, се држел за стомак, за глава, бил целосно изгубен, пренесуваат странските медиуми. Неверојатно е колку луѓето се загрижени за некогашното “шмеќерче”. На социјалните мрежи се отвораат групи за поддршка и молби да му се помогне. Веројатно ќе се извлече…