
Ријана се вратила од летување и заминала во својот роден крај.
24-годишната пејачка уживала на Барбадос на традиционалниот карневал Crop Over и изгледала навистина среќно и задоволно.
Фотографиите од вечерната забава ги објавила вчера на Твитер така што сите нејзини фанови имале прилика да ја видат пејачката која се вратила од годишниот одмор кој одлично делувал на неа.
Со Ријана на Барбадос била и познатата Опра Винфри која дошла да ја интервјуира пејачката. Овие две свездени диви во Барбадос биле вистинска атракција.
Пред заминувањето на Барбадос Ријана уживала во подолг одмор на Средоземното море. Медиумите известуваа за секој нејзин чекор, па и за доаѓањето на Крис Браун во Кан, каде едно време била стационирана, како и за нивната авантура.
Многумина се прашуваат дали двојката ја обновиле врската или само останале добри пријатели кои одржуваат една навистина необична, секако пријателска врска.



