Природните масла како она од бадемите се одлични за нега на кожата. Бадемовото масло се произведува од зрното на бадемот и покрај тоа што е здраво, влијае и на убавината.
Хидратација – редовната масажа со бадемовото масло одговара на сите типови на кожа, но сепак најпрепорачливо е за сувата. Се користи и за испуканите делови од кожата.
За меки усни – доколку од некоја прична вашата уста е испукана, бадемовото масло треба да го измешате со мед и добро да ги соедините. Потоа од смесата треба да се мачкате неколку дена за да ви заздрават усните.
Брчки – бадемовото масло содржи витамин А и В, одлично е за тенот и совршен борец против брчките и обновување на клетките на кожата.
Пилинг за лице – бадемовото масло се користи како пилинг, пред се бидејќи ги отстранува сите нечистотии од кожата. Една лажица бадемово масло измешајте со една лажица шеќер, а потоа смесата нежно нанесете ја на местото каде сакате да го направите пилингот и тоа со кружни движења.