Кремата со заштитен фактор е најважниот производ кој треба да го поседувате летово. Пред да се одлучите која да ја купите, препознајте го вашиот тип на кожа. Многу е важен идеалниот избор на крема, бидејќи ќе ја нанесувате по целото тело неколку пати во текот на денот.
Масна кожа
Ако имате проблеми со нечистиот тен и масната кожа, одберете немасни емулзии. Тоа се производите кои го имаат натписот „oil free“. Овие производи нема дополнително да ја замастат вашата кожа ниту пак ќе ги затворат порите. Токму затоа е идеален избор за проблематичната кожа.
Чувствителна кожа
Овој тип на кожа е исклучително нежен и поради својата чувствителност кожата е склона кон алергии и црвенило. Затоа морате да обрнете посебно внимание и да одберете специјални производи. Лошата вест е дека морате да потрошите повеќе пари, но барем нема да се грижите околу црвенилото или посипувањето кое може да се појави од класичните креми за сончање.
Сува кожа
Во овој случај, идеален избор за летото се густите креми. Факт е дека сонцето дополнително ја суши кожата. Многу е важно да одберете хранливи производи кои ќе ја направат кожата мазна и сјајна.
Кожа без проблеми
Ако имате убава и негувана кожа без никакви проблеми, тогаш слободно можете да се одлучите за светкави лосиони, мирисливи масла и креми во бои, но секогаш имајте на ум дека заштитниот фактор не смее да биде понизок од бројот 20.