Што ќе каже Мила Кунис на овие фотографии?

popara9 август, 20121min00
1

Иако е познат како најплатен холивудски актер, на Ештон Качер тоа не му пречи да се занимава и како модел.

Позирал за новата компанија на бразилската модна куќа Colcci. Но, не бил сам. Друштво му правела секси ангелот Алесандра Амброзио.

Двојката стоеле еден наспроти друг во интересната летна колекција за 2012 година. Најпровокативната фотографија ја покажува Алесандра топлес, со градите припиени за познатиот актер, криејќи го погледот на нејзините гради со една рака. Актерот рацете ги спуштил на нејзините кратки паналони.

Не можеме да не се запрашаме како на овие фотографии ќе реагира новата девојка на Ештон, Мила Кунис. Можеби “маката” ќе и ја олесни фактот дека Алесандра е среќно омажена и мајка на две деца. Како и фактот дека ове не е прв пат тиа двајца заедно да позираат.

Двајцата изработиле одлично снимање за Colcci минатата година и се покажаа како вистински професионалци. Што, всушност и се. И притоа одлично заработуваат.

34-годишниот Ештон минатата недела е прогласен за најплатен американски телевизиски актер, додека Алесандра се наоѓа на шестото место на Форбс листата на најплатени светски модели.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma