Нетрпеливата Тајра Бенгс не можела да дочека да зачекори на црвениот тепих на премиерата на филмот ‘2 Days In New York’, па почнала да позира уште на плочникот и засенила многу помлади колешки.
Тоа сигурно не и претставувало проблем, со оглед дека и на 39 години изгледа одлично. И додека многу познати со себе во лимузините водат асистенти кои на нивната шминка и фризура внимаваат до секундата пред да се појават на црвениот тепих, изгледа дека Тајра ниту малку не се оптеретува со воие работи. Сосема опуштено излегла од својот автомобил и во истиот момент се насмевнала на насобраните фотографи и покажала заводлива поза. Во прекрасен син фустан кој и го открива едното рамо со едноставна фризура и минимална шминка изгледала неодоливо.
Иако се шушка дека моделот е во врска со некогашната боксерска легенда Роберт Еванс, на премиерата во Менхетен сепак се појавила сама!