За еден крадец во Индијана, касата од Мекдоналдс беше вистинска мистерија, па наместо со парите од касата, тој си замина од ресторанот само со овошен десерт, вреден 5 долари.
Крадецот се обидел на сите начини да ја отвори касата, но безуспешно. Откако не му успеа тоа, од фрижидерот зема само неколку чашки овошен десерт и избега.
Додека полицијата ги прегледувала снимките од надзорните камери, истиот тој крадец повторно се појавил пред ресторанот, еден од полицајците го препознал и веднаш го уапсиле.