Секси едиторијалот го потврди она што многумина го знаеле: таа е една од најзаводливите жени на светот!
29 – годишната Миранда Кер позирала за списанието Harper’s Baazar, облечена само во чизми! Секси мамица опуштено позирала пред облективот на Тери Ричардсон и го покажала своето беспрекорно тело.
‘Откако станав мајка, многу повеќе сум свесна и страсна кога станува збор за добрата исхрана. Ваквиот изглед го должам на здравиот начин на живот и постојано вежбање и тоа од детство. Уште како мала секогаш бев надвор, се качував по дрвјата, пливав во реката, возев велосипед, јавав коњи, па сакам и Флин да ги вкуси истите работи’, открила во интервјуто за списанието.