Најголеми грешки кои ја уништуваат кожата на лицето

popara10 август, 20121min00
makeu

Кожата е првата работа на лицето кои луѓето ја забележуваат. Ниту добрата шминка не може да ви помогне ако имате проблематична кожа на лицето. Има многу причини за тоа. Од лоша исхрана до лоши навики. Кои се грешките кои ги правите, а кои ви предизвикуваат проблеми на лицето?

Ако сакате убава кожа, спиењето со шминка е апсолутно забрането. Тоа е тортура за вашата кожа, ја прави нечиста и масна. Порите се затвораат и патот за проблеми се отвара.

Користење на козметика на која и истекол рокот за траење

Често се случува да користите шминка, а да не го проверите рокот на траење. Тоа секако ви ја уништува кожата. Обевезно проверувајте дали козметиката е добра и задолжително фрлете ја по 12 месеци откако сте ја отвориле.

Не ставајте шминка над шминка

Никогаш немојте да ненанесувате шминка над шминка во текот на денот. Ако ставите пудра или руменило преку веќе нанесената шминка, ќе ги затворите порите и ќе дојде до иритација на кожата, акни и мозолчиња.

Немојте силно да ја триете кожата секој ден

Во ред е да користите благи пилинзи, но да се изживувате на својата кожа, триејќи ја со сета сила е голема грешка. На тој начин лицето може да ви стане месно и да дојде до несакани последици.

Користите валкани четки за шминка

Четките за шминка морате да ги чистите редовно. На нив не се наоѓаат само остатоци од шминка, туку и вашата кожа која е идеално место за бактерии, кои со шминкањето ги нанесувате на вашето лице.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag