Поголемиот дел од младата популација во САД очекуваат дека нивниот брак ќе трае цел живот, иако половина од сите бракови завршуваат со развод.
Најновата студијата на американските експерти покажала дека 57 проценти од младите американци кои се на возраст од 18 до 29 години сметаат дека е погрешно двајца да бидат во сексуален одноа, а притоа да не бидат во емотивна врска.
Седумдесет и три отсто од 1.029 испитаници од САД веруваат дека паровитетреба да се венчаат пред да се роди дете.
Професорот по психилогија на Кларк, Џефри Џенсен Арнет смета дека резултатите од студиите покажуваат колку младите Американци се оптимисти кога станува збор за бракот.
“Тие растат свесни за фактот дека 50 отсто од американските бракови завршуваат со развод, но речиси сите очекуваат дека ќе бидат помеѓу онаа половина која не се разведува”, вели Арнет за студијата кој универзитетот во Ворчестер, Масачусетс, спроведена преку телефон и преку интернет.
“Денес, оние чии родители се разведени начјесто се одлучни да го одбегнат разводот, иако статистички гледано имаат големи шанси и самите да завршат разведени”, додава тој.
Студијата покажала дека 61 отсто од Американците очекуваат дека ќе мораат да се откажат од некои цели во кариерата како би имале семеен живот каков што сакаат. Интересно е дека сличен став имаат и мажите и жените.
“Традиционално, жените се тие кои се откажуваат од кариерата поради семејството, вели Арнет. Ова ново откритие покажува дека ова би можело да се промени меѓу младата генерација во корист на рамноправна поделба на семејсните должности.”
Меѓу оние кои учествувале во студијата, 23 отсто проценти се во брак, 10 отсто живеат со партнерот, а 22 отсто од нив се во блиска врска. 29 проценти од испитаниците моментално не се во врска.