
Наташа Беквалац и Владимир Вуксановиќ отпатуваа на одмор на Ибица, но според некои извори, уплатиле навистина скромен аранжман од 400 евра по човек, што значи дека или западнале во финансиска криза, или пак можеби решиле да штедат пари за свадба.
Според извори од туристичката агенција, Наташа и Влада уплатиле едни од најефтините аранжмани, кои најчесто ги користат студенти. Станува збор за десетдневен аранжман од 400 евра, во кој е вклучена и авионската карта и скромно сместување на Ибица.
Бидејќи е чудно што Владимир, кој неодамна освои 50.000 евра на Survivor, решил да „се стисне“ наместо да отседне во некој луксузен хотел, многу новинари се обиделе да извлечат некој информација од него за ваквата одлука. Влада изјавил само дека ужива во секој миг поминат со Наташа.
Познатата двојка досега се појавуваше само на луксузни места и отседнуваше во луксузни хотели, па ова за нив претставува вистински пресврт. Баш се прашуваме која е причината?

