
Откако ја раскина долгогодишната врска со Ванеса Паради, актерот Џони Деп едноставно не пропушта ноќни забави со своите колеги и познати музичари.
Познатиот глумец бил гостин на забавата која ја организирал фронтменот на Аеросмит, Стивен Тајлер во еден изнајмен клуб во Холивуд.
„Џони Деп беше одлично расположен и уживаше на забавата. Разговараше со многу колеги, како Џим Кери и Лив Тајлер“, изјавил анонимен сведок.
Претходно истата вечер Деп бил гостин на Сив и Џои Пери на нивниот настап во „Холивуд Боул“, каде ја воодушевил публиката откако заедно со нив ја отпеал песната „Train Kept a Rollin“.