Ќерката на починатата пејачка Витни Хјустон, Боби Кристина и посвоениот син Ник Гордон ќе се венчаат, пренесуваат странските медиуми.
Боби Кристина (19) е единственото билошко дете на Витни Хјустон, но пејачката пред десет години неофицијално го посвоила и Ник Гордон , кој сега има 22 години.
Не е познато под кои околности момчето дошло да живее кај Хјустон кога имал 12 години, но таа го сметала за свој син, иако законски не го посвоила.
На една фотографија, Боби носи голем дијамантски прстен, а “твитувала” и за големата љубов со Ник, па странските медиуми пренесуваат дека младата двојка се подготвуваат за брак.