Daimler уште кон крајот на 2011 година најави дека до 2013 година ќе стави крај на својата луксузна марка Maybach. Од германската компанија деновиве стигнала и официјална потврда за таа вест.
Со оглед на тоа дека станува збор за професионаен неуспех, од компанијата во изминативе осум месеци воопшто немало никакво соопштение.
Наместо стандардните официјални изјави, Дајмлер остана оваа марка тивко да ја прати во историјата. Истакнато било дека моделите на Мајбах повеќе нема да се произведуваат.
Луксузниот бренд беше обновен во 1997 година, за да може да му конкурира на пазарот пред се на Rollce-Royce и Bentley.