Најдобрите работи во животот обично се и наједноставните, па затоа нека не ве чудат овие совети кои лесно ќе ве ослободат од главоболката.
Совет бр.1: кога ќе ве заболи главата испијте на екс две чаши вода со собна температура.
Совет бр.2: кога ќе се разбудите пред да се напиете кафе, испијте чаша вода. Така ги намалувате шансите за главоболка, како и шансите за инфаркт.
Повременото пиење вода може да ги намали главолките и мигнрената, а со тоа и пиењето апчиња. Научниците во едно истражување откриле дека седум чаши вода на ден е доволно за да ги ублажи болките и да го подобри квалитетот на животот на оние кои страдаат од мигрени.