
Златарот Роберт Прокоп конечно ги завршил венчалните прстени за Бред Пит (48) и Анџелина Џоли (38).
“Роберт цела година ги изработувал венчалните прстени за Бред и Анџелина. Двата прстени се во розово-златна боја имаат дијамант во облик на правоаголник. На прстените се изгравирани нвните завети. Со голо око не може да се види што е изгравирано, но тие двајцата знаат дека дека се таму и што точно пишува”, изјавува извор близок на двојката и додал дека прстените заедно чинат 1 милион долари.
Се шпекулираше дека венчавката ќе се одржи минатиот викенд, но тоа се покажа како неточно. Двојката во својот дворец на јужниот дел од Франција организирале забава за 50 – годишнината од бракот на родителите на Бред Пит, Бил и Џејн.
Најновите извештаи го цитираат градоначалниккот на градот Коренса, место во близина на дворецот на Бред и Анџелина, дека е голема веројатноста дека двојката ќе се венчаат следната сабота.