Кери Џонс од Далас добила три момчиња и две девојчиња, бебињата се тешки од 800 до 1200 грама, бидејќи ги родила во седмиот месец од бременоста.
Американката Кери Џонс (35) родила петорка со царски рез во болница во Далас за само три минути.
По раѓањето на своето прво дете Исак (8), Кери неможела да забремени и затоа решила со сопругот да одат на вештачко оплодување. Кога дознале дека ќе имаат петорка биле возбудени, но морале да се навикнат на фактот дека со само две породување ќе имаат шест деца.