Експертите ни дадоа уште една причина зошто редовно мора да конзумираме чоколадо.
Според нив, секојгневното конзумирање на чоколадо ја штити кожата од предвремено стареење кое е предизвикано од штетните УВ зраци. Секако, станува збор за црното чоколадо, кое е богато со флавоноиди и антиоксиданси.
Експертите сметаат дека чоколадото го намалува ризикот од појава на рак на кожа. Студиите покажале дека личностите кои редовно конзумираат по малку црно чоколадо на ден ги намалуваат штетните ефекти на сонцето врз кожата за 50%, додека кај оние кои не конзумираат црна чоколада природната отпорност на организмот кон негативните влијанија бил значително пониска.