Ји Ланг – дамата која црта со песок

popara18 август, 20121min00
6

Тран Ти Хонг Лан, позната под уметничкото име Ји Ланд, е една од најпознатите виетнамски уметници, која создава вистински ремек дела со шарен песок. Нејзините дела се многу познати во Азија, но и во Европа и Америка.

Ји Ланг го открила својата уметнички талент сосема случајно кога пред 10 години го посетила родниот град на својот сопруг и била воодушевена од песокот во разни бои кој го имало во изобилство во Пан Тиет. Таа земала примероци од секој вид на песок и започнала да создава вистински уметнички дела. Таа денес е призната како пронаоѓач на цртањето со песок и има своја сопствена компанија преку која ги продава своите ремек дела ширум светот.

Ји Ланг креира секакви слики, но вели дека посебно ужива во креирање на портрети, бидејќи тие се најтешки и бараат најмногу внимание.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma