Каде да патувате после прекин на врска?!

popara18 август, 20121min00
costa_rica1

Доколку сакате да заборавите некого или нешто, патувањето е најдобар начин за тоа. Ви ги претставуваме местата кои треба да ги посетите по прекин на врска.

Овие дестинации сигурно ќе ви помогнат да го преболите партнерот, а можеби ќе ви дадат и мотивација да најдете некој подобар.

Сао Паоло

Kако најголем град во Јужна Америка, Сао Паоло има сообраќај погуст и од Њујорк, но и необична убавина на улиците. За скрешените срца ова може да биде вистинското место за бегство.

Трите најголеми проблеми на кои ќе ви се пожалат жителите на овој град се сообраќајот, смогот и уличното насилство. Сепак ќе видите дека никој не се сели од тоа место иако има популација од преку 20 милиони. Во овој град ќе уживате во уметноста, ѕидовите со градити, ќе јадете вкусна храна и ќе танцувате во ритамот на самбата.

На крајот, овој град ќе ве научи дека сите сме само зрно во песокот и дека таа една личност која си заминала од вашиот живот и не е толку важна.

Ибица

Не постои подобар начин да го заборавите минатото, токму во друшто на илјадници весели луѓе. Ибица е центарот на забава, каде спиењето е резервирано само за слабите, а танцувањето за сите останати. Верувајте дека на ова место ќе го заборавите минатото, покрај музиката, луѓето, забавата и плажите.

Нешвил

Доколку сте од оние кои сакаат да жалат по партнерот, да се стопат емотивно и да плачат додека не снемаат солзи, тогаш домот на кантри музиката е вистинското место за вас.

На улица ќе сретнете многу камиони и мажи со шешири кои свират, а во баровите можете слободно да плачете кога ќе ве погоди песната.

Костарика

Можеби најдобар начин да ја заборавите старата љубов е да се заљубите повторно, но овој пат не во некого, туку во рајот наречен Костарика.

Будењето во природа, капење со мајмуните, пешачење низ шумите, необичен ручек нема да дозволат да помислите на ништо од минатото. Додека дојде времето да се вратите назад вие веќе ќе бидете заљубени во се што сте доживеале на ова место.

Ова место ќе ви даде време за да соберете позитивна енергија, а активностите ќе ве мотивираат да промените нешто и да просперирате во животот.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma