Сигурно знаете дека совршениот секс не се постигнува само со самиот акт на секс, за тоа да биде нешто во што уште повеќе ќе уживате треба да се потрудите постојано да се заведувате, а најдобар начин за зачинување на целосниот сексуален чин е да имате добра предигра.
Предиграта исто така е многу битен фактор за добар секс, доколку предиграта е добра тоа ќе ве возбуди до толкава мера што сексот ќе биде уште подобар, бидејќи поголема возбуда и посакување еден на друг значи подобар секс.
Постојат неколку начини кои може да ви помогнат при добра предигра.
Еден од начините е бакнувањето, секој пар пред и за време на сексот се бакнува, но доколку бакнувањето е на местата кои го возбудуваат партнерот (градите, вратот, стомакот,…) тогаш бакнувањето е совршена предигра.
Доколку сакате дополнителна возбуда, како предигра можете да испробате секси танцување или стриптиз, ова дефинитивно ќе го возбуди вашиот партнер и ќе го зголеми исчекувањето и возбудата.
Секси приказни и опишување на вашите фантазии, ова опишување може да влијае мошне позитивно кај многу луѓе, посебно кај оние кои сакаат љубовни или еротски приказни. Истовремено ова ќе значи и поголемо запознавање на вашиот партнер и неговите потреби.
Предигра со храна, нешто за што и претходно зборувавме, шлагот, чоколадото, црешните, јаготките можат да ве возбудат доколку меѓусебно се храните и уживате во храната.
Масажа, дефинитивно еден од начините со кој ќе го опуштите вашиот партнер или партнерка, а целосното опуштање значи одличен почеток за добар секс. Доколку знаете еротска масажа, тогаш е уште подобро, бидејќи не само што ќе се опуштите истовремено и ќе се возбудите. Доколку не знаете наскоро ќе се обидеме да го надополниме и тоа 🙂
Она што е најважно во предиграта е да се осврните еден на друг, да ги знаете меѓусебните желби и потреби, тоа сигурно ќе доведе до меѓусебно уживање и одличен секс.