Многумина ќе се сложат дека нема ништо подобро од секс по караница, но ако често го практикувате тоа, можеби е знак дека во вашата врска нешто не е како што треба?
Американскиот психолог Сет Мајерс кажал интересна теза за сексот по караница, или секс за смирување, се разбира тезата е негативна.
Тој тврди дека таквите односи се случуваат во нездравите врски, бидејќи ако големите караници до толку ве возбудуваат за секој пат потоа да имате фантастичен секс, несвесно ќе почнете постојано да се расправате за подоцна да можете да уживате во сексот.
Мајерс овој вид на секс го споредува со зависноста од кокаин.
„Двојките за време на караниците може да се исцрпат од негативните чувства и затоа потоа опсесивно почнуваат да сакаат некое екстремно добро чувство. Потребен им е адреналин кој го носи смирувањето. А тоа не е многу поразлично од зависноста од кокаин“, смета овој експерт.
Тој советува двојките да се воздржат од секс се додека целосно не ги расчистат своите чувства.