Студентките по уметност имаат најголема веројатност да бидат сексуално активни, додека мажите кои студираат науки најчесто се невини. За да се добијат овие резултати, на Универзитетот во Сиденеј, во едно истражување биле вклучени 185 студенти од 16 до 25 годишна возраст, и сите биле испрашувани за својата сексуална историја и сексуална свест.
Студентите по уметност биле помлади, често сексуално активни, но и многу малку информирани за начините на пренесување болести.
Студентите по науки имале доста помалку сексуални односи во споредба со другите врсници, но кои имаат различни интереси. Можно е културолошките фактори да имаат важна улога, бидејќи многу студенти доаѓаат од други држави во Австралија да студираат науки.
Момците многу подоцна стапуваат во сексуални односи, отколку девојките.