6 напитоци од кои слабееме

popara19 август, 20121min00
напитоци

Она што го внесуваме во телото значително влијае на нашето расположение, изгледот и здравјето воопшто. Но, не станува збор само за храната, туку и за течностите. Сакате да ја зачувате виталноста и младешкиот изглед и да се ослободите од вишокот на килограми, сојузникот побарајте го во некој од овие 6 напитоци.

Вода

Водата е наједноставниот, најприродниот и најевтиниот напиток кој телото го обожава и од кое има огромна потреба. Доволната хидратација на организмот (околу 5 чаши вода дневно)  ја враќаат енергијата и ја прави кожата поеластична и поблескава. Една чаша вода пред оброкот го намалува апетитот и со самото тоа ќе изедете помала количина на храна.

Кафе

Покрај тоа што пиењето на кафе веќе преминува во традиција од која едноставно не можеме да се откажеме, овој вкусен напиток е и одличен антиоксиданс кој резултира со повисоко ниво на согорување на калории. Една до две шолји кафе дневно го чисти организмот од отрови, го намалува ризикот од Алцхајмерова болест, дијабетес и болести на срцето, а и ја враќа и свежината на кожата.

Зелен чај

Како и кафето, и зелениот чај е одличен за прочистување на организмот. Оваа древна билка ги штити клетките во организмот и делува како антиоксиданс, ја враќа енергијата, го намалува апетитот и помага при ослободувањето од вишокот на килограми забрзувајќи ја оксидацијата на мастите. Полифенолите од зелениот чај штитат од воспаленија настанати поради УВ зрачењето, кое може да предизвика неколку болести на кожата.

Какао

Сирово какао во облик на прав или пак сировите зрна се уште една од најмоќните видови на храна на светот. Какаото има повеќе антиоксиданси од кафето, зелениот чај и црвеното вино, а истите се од исклучителна важност за организмот, односно за целокупниот раст и развој на нови мускулни влакна. Антиоксидансите од овој вкусен плод го заштитуваат човекот од болести, односно ја заштитуваат нашата ДНК од слободните радикали кои се главна причина за стареење.

Црното вино

Една чаша црно вино е навистина скапоцена за организмот. Црното вино ги заштитува крвните садови, го намалува холестеролот и нивото на стрес, а го снабдува организмот и со 40% повеќе антиоксиданси отколку што во телото имаат личностите кои не пијат вино. Тие го заштитуваат организмот од прераното стареење, а пикеатанолот го забавува растот на масните клетки, што значи дека црното вино е наш моќен сојузник во диетата. Кога оваа состојка ќе се најде во крвта, масните клетки стагнираат при своето созревање.

Млеко

Млекото е најпознато по минералите кои ги содржи, калциумот и фосфорот, кои ја одржуваат јачината и структурата на коските. Калциумот од млекото подобро се асимилира во организмот во споредба со калциумот од другите намерници. Млекото ги ублажува и симптомите од ПМС, помага при спречувањето на мигрена и детска дебелина, а кај возрасните помага при губењето на вишокот на килограми, особено во пределот на стомакот. Млечните производи богати со калциум влијаат на побрзo трошење на мастите по оброкот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag