Возачот на автобус, Вентли Хјуит од Лондон сигурно долго ќе го памети датумот 2-ри август, денот кога и помогна на една патничка да донесе на свет бебе.
47 годишниот возач повикал брза помош веднаш штом жената ги добила првите контракции, но се почнало да се одвива многу брзо.
„Го направив она што морав. Тоа беше неверојатен момент и ден кој никогаш нема да го заборавам“ изјавил Хјуит кој веќе 12 години работи како возач на автобус во Лондон.
Неколку дена подоцна тој ги посетил мајката и бебето во болница.