Оди во п.м. кретену еден, викала Наташа по Владо на сред плажа.
Една од најпопуларните тазе двојки во Србија, Наташа Беквалац и Владимир Вуксановиќ, се опасно се искарале и тоа на плажа, пред пријателите, изјавил за Курир еден од другарите на Владо кој бил на местото на настанот.
„Наташа цело утро беше нервозна и неколку пати му нагласи на Владо дека сака да го помине денот на плажа под чадор. Владо пак повеќе пати се спротиставил на нејзиното барање и во еден момент ја испрскал со ладна вода, а Наташа збесна“, изјавил другарот на Владо.
„Оди во п.м кретену еден, урлала Наташа, а Владо се смеел, со што девојката уште толку се изнервира“, додал за крај.
Владо возвратил на пцовките и се до крајот на денот никој не смееше да и се обрати на Наташа.
Останува да видиме дали била само мала летна караница или навистина пукна тиквата меѓу згодната пејачка и победникот на шоуто „Преживеан“.