
Германецот Тхило Х. раскажал пред судиите дека сакал да ја убие својата сопруга, бидејќи две години не спиел со неа, како и дека кариерата и била на прво место пред сексот.
Германецот се нашол на обвинителна клупа затоа што во месец февруари се обидел да ја убие сопругата со струја. Како причина навел дека две години не спиеле заедно, таа била фокусирана на кариерата и не воделе љубов.
Тој изјавил дека оружјето го направил сам, во ранец ставил акумулатор и поврзал електроди кои и ги ставил на рацете на жената.