Ако сте од оние кои постојано на скеои 10 минути го проверува телефонот без разлика дали очекувате или не повик или порака, спиете со него, неможете ниту еден ден без него, не сте осамени, бидејќи овој тренд е насекаде застапен во светот.
Магазинот Techland Time спровел истражување и дошле до интересни податоци за зависноста од мобилните телефони.
Луѓето во цел свет едноставно неможат да живеат без своите телефони, а постојано имаат навика да ги проверуваат.
Меѓународната анкета спроведена на 5000 кинези, американци, британци, бразилци, јужнокореанци покажала дека зависноста од телефоните е навистина запрепастувачка.
Дури 84% од испитаниците изјавиле дека неможат без своите мобилни ниту еден ден, а 50% од американците изјавиле дека спијат со своите мобилни.