На браќата Брајан и Џордан Силвермен им текнала локација каде може да се постави реклама, а која сите ќе ја видат. Тие направиле тоалетна хартија на која може да се прават реклами.
Брачата очекуваат нивниот производ да се појави оваа есен во Њујорк.
Џордан (22) на оваа идеја дошол уште во 2010 година, а неговиот брат Брајан (18) на почетокот бил скептичен, но потоа брзо увидел дека рекламирањето на овој начин навистина може да привлекува внимание.
Браќата својот рекламен проект го пријавиле во натпреварот кој го организирал магазинот Enterpreneur и добиле сретства да започнат со негова реализација.