Најновите истражувања тврдат дека 77% од луѓето веруваат дека неможеме да избереме во кого ќе се заљубиме. Тоа покажува дека заљубувањето, оние познати пеперутки во стомакот доаѓаат како гром од ведро небо.
Кога станува збор за вљубувањето, тешко е да се објасни зошто, кога и како се заљубуваме, нели?
Но според најновите истражувања, ниту заљубувањето не трае вечно. Научниците во една анкета во која учествувале 2000 испитаници откриле дека просечниот човек вистински се заљубува само четри пати во животот.
33% од анкетираните изјавиле дека останале верни на првата љубов. Додека пак, 41% од луѓето се заљубиле во некого во кого не би смееле.