Додека нејзините колешки од белиот спорт најчесто се занимаваат со мода, оваа позната тенисерка одлучила да покрене сопствено производство на слатки, под името „Шугарпова“ (Sugarpova).
Марија Шарапова во Њујорк ја отвори првата продавница за слатки во кои ќе се продаваат бомбони со 12 различни вкусови и тоа со нејзин потпис.
Покрај стандардните гумени мечиња, ќе има и бомбони во облик на тениски топчиња, усни, штикли, пајаци и слично.
„Ова е највозбудливиот проект на кој сум работела, во прашање е моја инвестициј, мој бизнис и мои пари. Одсекогаш сакав да се занимавам со слатки“, изјавила Шарапова.