Грејс Ачан (31) која била киднапирана во 1996 година, а до 2004 година врз неа се изживувал еден офицер, со кого има две деца.
Цели осум години оваа жена била држена како робинка и била постојано силувана од страна на војниците на војската на Кони во Уганда. Грејс и уште 30 малолетни девојчиња биле киднапирано во 1996 година и одведени во Судан.
„Кога не однесоа на тоа валкано место мислев дека дојде крајот на мојот живот. Дотогаш имав слушнато многу страшни работи за војската на Кони. Секојдневно јас и други девојчиња бевме силувани. Не смеевме да се спротиставуваме, бидејќи така не тепаа“, изјавила младата африканка.
Во 2004 година кога војската на Кони била нападната од војската на Уганда, Грејс успеала да земе едно дете и да избега од кампот. Човекот кој ја силувал осум години и со кого има две деца бил уапсен.