Нането е билка која често ја користиме за да подготвиме чај или да го декорираме јадењето, но неговите полезни дејства може да ги искористиме и кога е во прашање нашата убавина. Токму од таа причина нането е честа состојка во козметичките препарати.
За да го исчистите лицето, да ја освежите кожата и да го спречите појавувањето на акни и други кожни иритации потребно е да ја подготвите оваа маска: неколку листови нане, една лажица мед, малку маслиново масло и една лажица павлака. Ситно исецкајте го нането и измешајте го со останатите состојки. Смесата нанесете ја на лицето и оставете нека делува најмалку 20 минути. Потоа измијте се со млака вода.