Новото заболување чии симптоми може да се споредат со симптомите на сидата, е откриено во Азија, тврдат експертите. Истражувачите навеле дека станува збор непознат синдром кој спречува заболените да се борат против инфекцијата.
Истражувањето е спроведено над стотици луѓе во Тајланд и Тајван во рок од шест месеци.
Болеста наводно ги напаѓа пред се возрасните лица од азиско потекло, а можно е болеста да биде предизвикана од фактор кој е врзан за животната средина или генетика.
„Многу е тешко да се утврди распространетоста на ова заболување“, истакнала Сара Браун која е дел од истражувачкиот тим.