Телевизијата Еј Би Си наскоро ќе ја прикаже пилот епизодата од серијата на продуцентската куќа на на Џенифер Лопез. Во серијата се зборува за лезбејски пар и нивното шаренолико семејство.
Телевизијата соопштила дека новата серија „The Fosters” зборува за две жени кои подигаат мултиетнички микс на посвоени и биолоѓки деца.
Лопез е извршен продуцент во овој проект, а засега не се знае кој ќе глуми.