Младата жена која оди по оптегнато јаже поставено меѓу два Волво камиони кои се движат со огромна брзина, стана вистински хит на интернет.
Каскадерскиот подвиг на оваа жена за само неколку дена на интернет го погледнаа повеќе од 3 милиони луѓе.
Жената на жицата, која е главната хероина на овој краток филм, е американката која оди по еластично јаже, Фејт Дики. Таа е светска рекордерка во таканаречениот (highlining) млад спорт чија суштина е да се оди на што подолго растојание на жица и на што поголема висина.