Познатата пејачка прво летуваше сама, но овој пат медиумите пишуваат дека таа наводно се скарала со својот вереник Милан.
Според дневниот весник „Ало“ двојката се скарала во вилата Брег, а пејачката си ги спакувала работите и заедно со синот Александар заминала за Белград.
„До пред неколку дена Северина и Милан заедно престојувале во Вршац во сопствениот хотел, а се било во ред додека не избила голема караница меѓу нив. Наводно тие толку многу викале што сите можеле да ги слушнат. Според анонимни извори Северина се спакувала и го напуштила својот вереник. Колку што разбрав таа заминала за Белград и не разговарала со Милан“, изјавил извор близок до двојката.
Сепак менаџерот на Северина несакал да коментира и ги демантирал овие шпекулации.