Млекото е идеален извор на калциум. Тоа е состојка која е неопходна за здравјето на нашите коски, коса, нокти, а воедно и за низа процеси во нашето тело. Доколку на телото му недостасува овој минерал, може да дојде до потешкотии на функционирање на некои органи. Доколку не сте голем љубител на млекото, тогаш овие намирници може да ги консумирате како негова замена.
Бадеми
Бадемите изобилуваат со калциум, калиум, магнезиум, антиоксиданси, витамин Е… Со само2-4 бадеми на ден, вашето тело ќе функционира многу подобро.
Спанаќ
Доволно е само една шолја варен спанаќ за да ја внесете дневната потребна количина од калциум, калиум, магнезиум, витамините А, Б, Ц, К, и Е.
Риба
Рибите како што се: туната, лосос, харинга се богати со протеини. Тие се идеален начин да го замените млекото.
Сусам
Сусамот е моќно семе кои изобилува со минерали и незаситени масти. Користете ги редовно како додаток во исхраната.