Јакуб Халик (37) од Чешка веќе пет месеци живее без срце, а така стана и единствениот човек во светот кој живее без најзначајниот орган на човековото тело. Лекарите на несреќниот Халик во април морале да му го отстранат срцето бидејќи го зафатил агрсивен тумор, а му вградиле две пумпи кои го одржуваат во живот.
Меѓутоа, Халик ќе добие шанса за ново срце и од септември месец ќе се најде на листата на чекање за тој орган.
По пет месеци туморот не метастазирал, па затоа е подготвен за трансплантација.
Инаку Халик е вториот пациент во историјата на медицината на кого му се вградени срцеви пумпи. Пред него лекарите имале тестирано на еден пациент, кој за жал живеел само една недела.