Таа не изгледа ништо поразлично од останатите манекенки и фотомодели. Висока, русокоса, витка и преубава. Нејзиното име е Ангела Роквуд, која пред десет години останала парализирана, поради сообраќајна несреќа.
Од тогаш оваа девојка неможе да оди, а и рацете многу малку може да ги движи.
Тој момент бил пресуден за нејзината кариера да пропадне. Меѓутоа била избрана за улога во серијата Push Girls, а публицитетот кој и го донела улогата и помогнал и да се врати во манекенксите води.
Ангела сега има 36 години и снима кампањи за разни агенции и модни куќи.
Секоја чест за оваа храбра девојка, чија приказна може да ја погледнете во видеото во продолжение: