Милош Рајковиќ поради облог за помалку од еден час со помош на литро шприцер изел 200 ќепаби. По овој необичен подвиг тој се онесвестил.
Веројатно овој облог бил преголем залак за гурманот херој, кој сепак на крај го добил облогот.
„Ќе му дадам и 500 евра, а не 100 за облогот, само тој да преживее“; изјавил Новица, роднина на Милош.
Сето ова се случувало за време на „Роштиљијадата“, а брзата помош била таму за да интервенира.