Овој хотел неодамна беше квалификуван како „палата“, а за да се постигне тоа во Франција, истиот треба да нуди врвна услуга, да има пространи соби со 5 ѕвезди и повисоки стандарди на услуга.
Тој е скапоцен камен на Аузрниот брег кој постои веќе 45 години. Луксузниот хотел личи на мало француско село, а составен е од мали згради залепени една до друга. Фонтани, скап мермер, ковано железо, луксузен ентериер создаден за уживање.
Палми, јасмин, стотици години стари маслинови дрва, голем базен, бар, два ресторани, спа центар и ноќен клуб се во рамките на оваа палата.
Хотелот со 91 соби, вклучува и 50 апартмани кои целосно биле реновирани во 2011 година.
Сместен во срцето на Сен Тропе овој хотел нуди вистинско уживање и врвна услуга за посетителите.