Ванеса Парадис во врска со француски милионер

popara3 септември, 20121min00
2

Актерката и пејачка Ванеса Парадис наводно е во врска со француски милионер.

Парадис, која во јуни оваа година прекинала 14 години љубовна врска со актерот Џони Деп, според наводите на странските медиуми се гледа со бизнисменот Гај-Давид Габи.

Наводно, се запознале зa време на летот од Лос Анџелес  до Париз  во мај.
“Крајот на врската беше многу тежок за Џони и Ванеса. Она што двајцата го сакаат најмногу од се, е да останат блиски како семејство, бидејќи нивните две деца секогаш ќе бидат главен приоритет. Меѓутоа, Ванеса и Гај Давид станале многу блиски во последните неколку месеци и иако одлучиле да одат полека, сега се заедно. Гај Давид ги открил своите чувства на Ванеса, но исто така и кажал дека ќе и даде онолку време колку што ќе и биде потребно. Излегуваат на тивки романтични вечери во Париз и едноставно уживаат во заедничкото друштво и се забавуваат. Сето тоа многу позитивно влијаело на неа. Гај Давид и ја вратил намевката на лицето па сега изгледа многу подобро и подмладено, а почнала и повторно да пишува и да пее песни”, изјавил извор близок на семејството.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag