На главниот плоштад во Загреб, вчера е одржана манифестација за соборување на Гинисови рекорди во подготвување на најголемото капучино од 2.000 литри во организација на компанијата Julius Meinl.
Оваа компанија преку овој настан донирала средства за Центарот за рехабилитација на деца со тешкиа попреченост “Малата куќа.”
“Соборувањето на Гинисови рекорди е по повод 150 години од основањето на компанијата Julius Meinl и ги имаме сите дозволи од од судиите на Гинисовата книга кои ќе го верификуваат овој рекорд во кој учествуваат бројни граѓани од целата земја”, изјавил Марко Црногорац од Julius Meinela.
Додал дека ова всушност е првото поставување на рекорди, бидејќи ваков рекоред досега не постоел.